Почувствувајте ја леснотијата во телото со овој домашен пробиотски напиток! Комбинирајќи супер-состојки за природно чистење, овој пијалок го поттикнува варењето, исфрла вишок вода и токсини и му дава нова свежина на телото.
Рецепт за прочистувачки напиток
Состојки:
- 500 мл млака зовриена вода
- 1 лажичка чиа семе
- Сок од 1 лимон
- Сок од 1 грејпфрут
- Рендано парче свеж ѓумбир
Начин на подготовка:
- Во тенџере ставете ја водата и додадете го ренданиот ѓумбир. Оставете да се вари околу 5 минути.
- Откако водата ќе се излади, додадете го свежо исцедениот сок од лимон и грејпфрут, како и чиа семето.
- Оставете пијалокот да отстои 15-20 минути за чиа семето да набабри и да формира гел.
- Консумирајте го напитокот во текот на денот за најдобри резултати.
Како делува овој напиток?
Пијалокот функционира како природен пробиотик и го поттикнува развојот на здрави бактерии кои помагаат во одржување на балансот на цревната флора, додека истовремено ги елиминира штетните материи.
Зошто овие состојки се моќни прочистувачи?
Чиа семе
Чиа семето изобилува со растителни влакна и, кога се натопува, формира гел кој помага при варењето, создава чувство на ситост и го прочистува организмот. Покрај тоа, го регулира нивото на инсулин и делува како природен пробиотик, поддржувајќи ги добрите бактерии во стомакот.
Лимон
Лимонот содржи киселини кои го стимулираат варењето и помагаат во елиминација на токсините. Исто така, сокот од лимон ја намалува надуеноста и го зајакнува метаболизмот, притоа помагајќи во одржување на здравјето на црниот дроб.
Грејпфрут
Ова овошје е богато со вода и антиоксиданси кои му помагаат на телото да се хидрира и да се обнови. Триптофанот кој се содржи во грејпфрутот, помага за опуштање, подобар сон и регенерација на организмот.
Ѓумбир
Познат по своето антиинфламаторно дејство, ѓумбирот го поттикнува варењето, ја намалува надуеноста и помага во отстранување на штетните материи од телото.
Овој домашен прочистувачки напиток не само што ќе ве освежи туку и ќе ви помогне да го вратите балансот на телото на природен начин!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден