Сифино Касемсон (29) од Тајланд е домаќинка која, како што вели е родена во сиромаштија и навикнала на таков живот.
Меѓутоа, една вечера ѝ го сменила животот и со неа би дошла до незамислива сума на пари за која не можела ниту да сонува.
Било 7 јуни – Сифино од локална продавница порачала морски плодови за да му ги подготви на својот сопруг за вечера.
Сакала да го почести со нешто убаво, па одлучила да го направи тоа:
„Ги подготвив и го извадив месото од школките, кога од една од школките падна некакво портокалово топче“, вели таа за медиумите.
„Го погледнав внимателно топчето и сфатив дека тоа е многу редок бисер кој во зависност од големината и квалитетот може да вреди над 100 илјади долари“, возбудено раскажала оваа млада домаќинка.
„Го чувам тој бисер како очите и ги разгледуваме понудите. Сè уште не сме сигурни колку вреди овој конкретен бисер, но секако дека ќе го продадеме и конечно ќе може да си направиме убава куќа“, раскажала таа.
Иако е реткост да се најде овој бисер, сепак тоа се случувало и претходно, па забележан бил случај на некој риболовец кој имал иста таква среќа и за својот бисер добил 10 милиони тајландски бати односно околу 256.000 фунти.
Овие бисери ги има во различни бои – од кафеава, до боја на кожа, па сè до портокалова, со тоа што портокаловиот бисер има најголема вредност.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден