Достоевски, познат по својата длабока анализа на човечката природа, некогаш напиша за опасноста што ја носат глупоста и алчноста. Според него, глупоста е универзален феномен што носи еден од најголемите предизвици – таа е проследена со алчност и злоба, што го прави глупавиот човек опасен противник.
Во своето дело, Достоевски истакнува дека ќе дојде време кога општеството ќе се толерира до таа мера што интелигентните луѓе ќе бидат принудени да го замолчат своето мислење за да не ги навредат оние кои не можат да го разберат. Со ова, тој предупредува на ризикот од општество каде критичкото размислување и интелигенцијата ќе бидат загушени, оставјќи простор за владеење на некомпетентноста.
Во денешниот контекст, размислите на Достоевски се актуелни, како предупредување за важноста на слободното размислување и интелигенцијата во едно општество што се стреми кон напредок.