Дошол нов генерал на должност во тврдината на Легијата на странците во пустината. Првиот ден, тргнал во обиколка на тврдината и додека обиколувал, видел мазга врзана за столб. Го прашува првиот стражар за што служи таа мазга.
– Господине генерале, мазгата служи за забава на војниците. Знаете, долго време сме без жени…
– Па тогаш средете ѝ го тоа место. Направете покрив и така натаму… – рекол генералот и продолжил понатаму.
По еден месец, генералот не можел да издржи и решил и тој малку да се позабави со мазгата. Наредил на стражарот да ја држи, а тој ја завршил работата. Додека се облекувал, задоволен, го прашува стражарот:
– Кажи ми, дали и вие обичните војници го правите ова како ние генералите?
– Господине генерале, обичните војници обично ја јаваат мазгата до најблиското населено место со јавна куќа.