По втор пат денеска, на Меѓународниот аеродром во Сараево е активиран кризен план поради дојава за бомба. Патник на летот Меминген – Сараево добил порака дека во авионот е поставена бомба, а по слетувањето веднаш започнале безбедносни проверки.
Претходно, аеродромот доби заканувачка порака преку е-пошта, која на крај се покажа како лажна.
Иако медиумите пренесуваат дека во авионот имало 190 патници, оваа информација не беше потврдена од аеродромските власти.