во ,

„Дојди ни во сон да се прегрнеме“: Емотивно збогување на сопругата со музичарот Филип Стевановски!

Музичарот Филип Стевановски од Куманово загина во пожарот во Кочани. Тој беше член на бендот „ДНК“.

Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор. Тој имаше магистратура по џез науки. Работеше како професор во Државниот музички училишен центар во Штип.

Филип Стевановски неодамна беше назначен и за директор на Центарот за култура во Штип.

Неговата сопруга Ирена Стевановска се огласи на социјалните мрежи. Таа се прости од него со емотивни зборови.

„Твојата светлина беше преголема за овој тажен свет. Свети и сега како најсилна ѕвезда. Ќе те гледаме секогаш. Ќе знаеме дека не чуваш од небото!“

„Лора беше твоето сѐ. Музиката беше твојот живот. А јас бев твоето њоњче. Бев ветерот во грб за да достигнеш сѐ што имаше замислено.“

„Последниот наш настап беше радосен. Многу се смеевме. Правеше сѐ за сите да бидеме среќни и насмеани.“

„Вечно ќе те паметиме по твојата голема душа. По твојата насмевка што Лоричка ја носи. Во таа насмевка ќе те гледам тебе, мил мој.“

„Мојот живот без тебе е тажен. Претажен. Но, сѐ што сакавме Лора да успее, ветувам дека ќе го направам. Знам дека ти ќе ми помогнеш од зад облаците!“

„Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон. Да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш!“

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се скарав со жена ми и отидов на гробишта да запалам свеќа кога ми ПРИЈДЕ СВЕШТЕНИК: Ми рече само ТРИ ЗБОРА за жена ми од кои ми се заледи крвта

Софија со Македонија: Илјадници луѓе со молчење им оддадоа почит на жртвите од Кочани!