во

Драматична спасувачка акција во БиХ: Снимик покажува старец опколен од вода, спасувачите не се откажуваат

Планинската служба за спасување Прењ од Босна и Херцеговина објави драматично видео на кое се гледа како спасувачи се обидуваат да извлечат постар маж од изолиран дел во селото Буторовиќ Поле.

На видеото, старецот стои пред својата куќа, а околу него тече надојдена вода. Тројца спасувачи се обидуваат да му се приближат, но поради опасноста, тие решаваат да му фрлат јаже за да го извлечат. Снимката прекинува пред да се види исходот од акцијата, оставајќи го јавноста во неизвесност.

Поплавите, кои ја зафатија јужната Босна и Херцеговина во текот на ноќта, резултираа со големи материјални штети. Водата влегла во бројни домови, а патиштата и возилата се под вода. Има потврдени жртви, но точниот број сѐ уште не е познат. Во многу места, училиштата се затворени поради вонредната состојба.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во живо: Поплави во БиХ однесоа најмалку 20 животи, лавина закопа куќи, жителите долго предупредувале за опасност

Дарко Чурлинов – Македонскиот херој кој го замолкна Копенхаген!