Во четвртокот во Амстердам, пет лица беа ранети во напад со нож во близина на прометниот плоштад Дам. Благодарение на брзата реакција и храброста на еден турист, напаѓачот беше совладан и предаден на полицијата, со што се спречи потенцијално уште поголема трагедија.
Холандската полиција потврди дека млад турист е заслужен за апсењето на напаѓачот. На социјалните мрежи се појавија снимки од моментот на апсењето, на кои се гледа како храбриот граѓанин самоуверено и без страв го држи напаѓачот до пристигнувањето на полициските службеници.
Портпаролка на полицијата изјави дека не можат да ја откријат националноста на туристот, ниту да потврдат дали има воено искуство, но ја пофали неговата „херојска“ интервенција.
Според холандските закони, објасни портпаролката на амстердамската полиција, граѓанското апсење е дозволено доколку некој е сведок на кривично дело и го фати осомничениот на дело.
Во такви случаи, граѓаните имаат право да го задржат осомничениот до пристигнувањето на полицијата, што, како што беше нагласено, не се случува често.
A true hero emerged today in Amsterdam when a brave bystander tackled and held down a suspect who had just stabbed five people near Dam Square.
Despite the chaos, this individual restrained the attacker until police arrived, likely preventing more harm. pic.twitter.com/8EahxiID8b
— A3N 🌎 (@swee52767) March 27, 2025
Жртвите на нападот, меѓу кои се 67-годишна жена и 69-годишен маж со американско државјанство, 26-годишен маж од Полска, 73-годишна жена од Белгија и 19-годишна девојка од Амстердам, се избрани по случаен избор.
Министерот за правда и безбедност, Дејвид ван Вел, не даде конкретни информации за мотивот на напаѓачот, но не ја исклучи можноста за терористичка истрага.