во , ,

Дупка длабока 5 метри се отворила мистериозно: Археолозите откриле што се крие зад ова, приказната почнува во 19-ти век

Кога дупката длабока повеќе од 5 метри мистериозно се отворила во Бостон, во паркот Ронан, мештаните биле прилично изненадени.

Во целата приказна на крајот се вклучиле и археолозите кои откриле што се крие зад овој феномен.

Со инспекција било утврдено дека станува збор за бунар кој некогаш се наоѓал покрај куќата на извесна Мери Пирс.

Бил во употреба се додека куќата не била приклучена на водовод кон крајот на 19-тиот век.

“Бостон е стар град и крие многу мистерии. Беше интересно да се видат остатоците од стар имот во Дорчестер во овој парк. За среќа, ваквите бунари не се честа појава”, рекол археологот Џо Беџли.

Куќата на Мери Пирс била урната во 1912-та година кога земјиштето било продадено на градот, за на тоа место да се изгради парк.

Дупката, односно бунарот, е длабок најмалку 5 метри, а широк 1,2 метри. Во него се собрале многу работи во текот на 20-тиот век, а властите рекле дека ќе ја затрупаат од безбедносни причини.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Злато, ако ме сакаш, оди до тобакото, купи едно шише вино да пивнеме и ќе ти покажам чудесии во спалната…

12 Фотографии од поларните светла се вистински доказ дека магијата постои