во , ,

Еве зошто на кучињата не треба да им се дава чоколадо

Многумина знаат дека на кучињата не треба да им се дава чоколадо, но малкумина знаат зошто. Станува збор за состојката теобромин, која се наоѓа во какаото, а која кучињата споро ја обработуваат. Затоа, таложењето на оваа супстанца во телото на кучето може да има штетни последици по нивното здравје.

Опасноста од чоколадото и штетата што може да му ја нанесе на кучето зависи од видот и количеството, но и од големината на кучето. Во големи количини, чоколадото и производите од какао може да предизвикаат штета, па дури и да бидат фатални за кучето, пишува „Екапија“.

Некои од симптомите на труење со теобромин се тресење на мускулите, напади, неправилна работа на срцето, внатрешно крварење, а во екстремни случаи и срцев удар.

Луѓето може лесно да го јадат и преработуваат теоброминот, но кучињата тоа го прават многу поспоро. Нема потреба од грижа доколку кучето изеде мало количество чоколадо бидејќо тоа веројатно само ќе предизвика вознемиреност во стомакот, но дури и тогаш се препорачува преглед од ветеринар за да се спречат потенцијални долготрајни последици.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Фотографии прикажуваат вознемирувачки сцени од урбаниот пекол во кој живее светот денес

9 Луѓе кои со своето однесување можат да го извадат од такт и најтрпеливиот човек