во

Еве колку точно заработија Карлеуша и Бака Прасе во лајвот: Сумата ќе биде донирана на настраданите во БиХ

Јутјуберот Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, и поп дивата Јелена Карлеуша приредија вистинско шоу на неговиот лајв стрим, кој се одржа на 6 октомври. Она што овој настан го направи посебен е тоа што целата сума од собраните средства е наменета за хуманитарни цели.

Уште на самиот почеток од лајвот, во кој гостуваше Карлеуша, таа откри дека настанот ќе има хуманитарен карактер. Бака Прасе додаде дека сите донации ќе бидат уплатени за жртвите од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина.

Во текот на стримот, многу гледачи даруваа средства, а за само 2 часа и 24 минути, Бакa и Карлеуша успеаја да соберат неверојатни 14.540 евра. Целата оваа сума ќе биде донирана на семејствата во БиХ кои ги загубија своите домови и блиски во поплавите.

По завршувањето на настанот, Бака Прасе јавно ѝ се заблагодари на Карлеуша за поддршката, но исто така најави и дека лично ќе донира дополнителни 10.000 евра.

„Благодарам на сите кои учествуваа во собирањето на хуманитарната помош за настраданите од поплавите во БиХ, а особено на Карлеуша и луѓето кои одвоија толку многу,“ напиша тој. „Собравме речиси 15.000 евра, а јас ќе донирам уште 10.000 евра.“

Со ова, вкупната донација достигнува импресивни 24.540 евра, што претставува значајна помош за сите кои ги претрпеа последиците од оваа природна катастрофа.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Семејството Ѓоковиќ со најголема донација на хуманитарниот лајв на Бака Прасе и ЈК

Цеца вљубена во фудбалер: Можно е после долгогодишно пријателство да се роди романса…