во ,

ЕДНАКВИ ВО БОЛКАТА: Скопска кафеана собра 122.000 денари за Кочани!

Кафе барот „Ботаника Урбана Кафана“ во Скопје организираше хуманитарна вечер за поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во Кочани. На иницијатива на менаџментот и вработените, а со поддршка на гостите, беше собрана значајна сума на пари.

За време на хуманитарната вечер, која беше најавена пред неколку дена, сите средства собрани од продажбата беа наменети за погодените семејства. Денеска, од кафеаната со гордост го објавија резултатот од првата вечер – собрани се 122.000 денари.

Посебно е за одбележување што вработените во „Ботаника“ лично донираа 23.000 денари, покажувајќи го своето сочувство и желба да помогнат во овие тешки моменти. Овој заеднички чин на целиот тим е пример за солидарност и човечност.

Поддршка на хуманитарната акција даде и компанијата „Винум Мкд“, која ги донираше сите вина што се служеа за време на вечерта. Ова дополнително придонесе кон собраната сума и ја покажа широката поддршка за граѓаните на Кочани.

Од „Ботаника Урбана Кафана“ изразија огромна благодарност до сите гости кои беа дел од оваа хуманитарна вечер, како и до своите вработени и до компанијата „Винум Мкд“ за нивната несебична поддршка.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЗОШТО МАЈКА Ѝ УДРИЛА ЌОТЕК НА СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА? Смешна случка од детството на водителката!

СРЦЕПАРАТЕЛНО: Ќерка 27 години ги фотографирала родителите како ѝ мавтаат, последната фотографија е болна!