во ,

Експеримент што ќе ви докаже зошто децата треба да носат маски на училиште

Заштитните маски се задолжителни во затворен простор, а наскоро и учениците што ќе се вратат на училиште ќе мораат да седат со маски. За ова правило, се разбира, има добра причина.

Многу луѓе сè уште не веруваат дека маските навистина ни помагаат да ја држиме пандемијата под контрола, без разлика што ова е многупати потврдено од страна на експертите.

Ако и вие спаѓате овде, тогаш можеби микробиологот Ричард Дејвис ќе ви го промени мислењето.

На неговиот Twitter профил, Ричард ги споделил резултатите од еден негов експеримент. Целта на експериментот е да докаже дека маските и социјалното дистанцирање навистина ја намалуваат можноста за зараза.

„Што прави маската? Ги блокира респираторните капки кои доаѓаат од вашите уста и грло.
Две едноставни демонстрации:
Прво, кивав, пеев, зборував и кашлав кон садот, со или без маска. Таму каде што се разнесоа капките се направија бактериски колонии. Маската ги блокира речиси сите нив“, стои во неговата објава.

Резултатите на Ричард покажале и дека растојанието од половина метар, без маска, не претставува никаква заштита. Растојанието од 2 метра, пак, се покажало како безбедно. Сепак, кога се носи маска, вие сте безбедни на кое било растојание.

Ова значи дека во простории каде што не може да се одржува растојание, заштитните маски прават огромна разлика.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шизици, ќе снимам филм за познатите европски композитори…

Не земај ништо од „проколнатиот“ Локрум, ќе те следи несреќа – хрватскиот остров е сепак бајковито место за одмор (фото)