Вчерашниот ден нѐ остави неми и со голема болка. Целата македонска естрада се збогува од прерано загинатите музичари. Со грутка во грлото, солзи во очите и спомени кои никогаш нема да згаснат.
Меѓу нив е и поп-пејачката Елена Ристеска. Таа со неверување ја прими веста за трагедијата. Со трогателни зборови на социјалните мрежи се прости од Сара Пројковска. Сара ја придружуваше на концертите изминатите години. Се прости и од Андреј Ѓорѓиевски, другар и колега.
„НЕ, НЕ, НЕ!!! Не прифаќам дека те нема! Саре сестричке, толку многу поминавме заедно. Толку убави спомени, толку концерти, толку бендови сменивме. Ти не ми дозволи да се откажам од музиката кога се разочарував! Ти беше добра, фер, другарче, позитивна, пожртвувана и како човек, и како колега и како мајка. Твојата смеа никогаш нема да ја заборавам! Твоето најубаво пеење ќе продолжи да го придружува Тоше, таму на небото. Ама Саре, не се договоривме вака! Се договоривме дека ќе пееме и понатаму! Се договоривме да се видиме! Вака не!!! Не сакам да верувам, не сакам!!! Не прифаќам! Сестро моја, ти беше упорна да смениме 100 бендови, ама да не се откажеме! На крајот ти се откажа! Ама зошто вака?!?! Зошто?? Не можам да престанам да те плачам, никогаш нема да те преболам! Најдобрата личност во живот што сум ја сретнала, чесна, добра, секогаш фер и коректна, секогаш поддршка, секогаш мој грб! Емотивна, убава и во душата и во лицето. Солзиве не застануваат, никогаш нема да застанат. Не, не и не!!!“, напиша Ристеска за Сара Пројковска.
„Не можам да престанам да плачам, Андреј, ни со тебе така не се договоривме. Планиравме нова песна со ДНК! Две турнеи имавме заедно, концерти, дружби… не можам да прифатам!!! Филипе, како да прифатам дека те нема? Може свиревме неколку пати, ама многу се почитувавме. Златен човек беше… без зборови сум… исто и Александар!“
„Жути, веста за тебе ме докрајчи. Колку концерти беше мој тонец за 22 години! Секогаш перфектен звук. Кога ќе те видев зад миксета, бев спокојна. Знаев дека ќе биде добар концерт. Секогаш му викав на Здравко: ‘Жути нека озвучува!’“
„Александар Ефремов ми ги сликаше последните концерти во Кочани! Немам зборови, само солзи…“
„Мартин Буцо, Ѓорѓи, Сара и сите златни деца, млади и полни со живот… боли и кине душа ова сè… не знам дали некогаш ќе се опоравиме од оваа болка по вас!!! Цела Македонија плаче и тагува! Примете сочувство сите што загубивте блиски! Брзо опоравување на Ана и Панчо им посакувам!“ се трогателните зборови на Елена Ристеска.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден