во , ,

ЕМОТИВЕН гест од Петар Марковски: Ја отсвире хитот на ДНК за Кочани!

Петар Марковски, талентиран виолинист од Охрид, покажа големо срце. Тој преку својот Инстаграм профил испрати порака за поддршка до Кочани. Неговата музика беше посветена на жртвите од трагичниот пожар.

„Длабоко сум тажен поради трагичната загуба на 59 животи во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, Македонија. Моето искрено сочувство до семејствата и најблиските. Не можам да ја замислам болката низ која поминувате, а вие сте во моите мисли во овој неверојатно тежок период.

На оние кои сè уште се борат за своите животи, мислам на вас и ви посакувам сила додека се борите низ ова. Се надевам дека брзо ќе заздравите и знајте дека не сте сами. Ви ја испраќам сета моја љубов и поддршка“, гласи статусот на Петар Марковски.

Петар покрај својот статус објави и видео. На видеото тој со својата виолина ја свири песната „Кажи ми како без тебе да бидам“ од групата ДНК. Оваа песна е голем хит.

Охриѓанецот Петар Маркоски е многу популарен на Инстаграм. Тој има два милиони следбеници. Неговите видеа со виолина се волшебни. Многумина се сеќаваат на него од „М2 Потрага по ѕвезди“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Markoski (@petarmarkoski)

За споредба, Петар има повеќе следбеници од многу познати балкански ѕвезди. Здравко Чолиќ, Дино Мерлин, Цеца, Северина, Жељко Јоксимовиќ и Лепа Брена имаат помалку следбеници од него.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На плажа пронајдоа старо шише со порака: Го отворија и од него истече нешто – кога сфатија што е, ГОРКО ЗАЖАЛИЈА!

НОВИ АПСЕЊА по кочанската трагедија: Уапсени сопругата и ќерката на газдата на „Пулс“