Игор Џамбазов длабоко потресен и инспириран од песната на ДНК – Ако утре ме нема, пружа една емоционална и искрена изведба, по настаните во Кочани.
Песната е болно сеќавање на загубата и опомена за идните генерации. Почивајте во мир деца наши… Самиот тој во својот пост вели:/
Песнава ме прогонува.
Со денови наназад ми дише во врат.
Како потстанар да ми е во мозокот.
Како краста што не зараснува.
Како доказ за бесмисленоста на животот.
Како опомена за идните генерации.
Почивајте во мир деца наши…
За многумина, музиката на ДНК е симбол на една епоха, а загубата на Андреј остави голема празнина на македонската музичка сцена.