Жарко Димитриоски, креаторот и водител на популарното шоу „Еден на еден“, не го криеше својот емотивен потрес по трагедијата во Кочани. Тој објави видео порака посветена на неговите пријатели од групата ДНК, Андреј Ѓорѓиески и Владимир Блажев Панчо.
Во видеото со наслов „Наместо последен поздрав 🖤🤍 Со љубов од цела екипа на Еден на Еден“, Жарко со топли зборови се присети на Андреј, кој трагично го загуби животот во пожарот. Тој го опиша како човек со големо срце, постојана насмевка и специфичен хумор.
Жарко исто така упати силни зборови на поддршка за Панчо, кој е еден од преживеаните од несреќата. Тој се помоли за негово брзо закрепнување и му посака сила да ја надмине оваа тешка ситуација.
„Тие беа едни од ретките познати личности кои секогаш зрачеа со позитивна енергија“, рече Жарко, додавајќи дека никогаш не доживеал непријатност во нивно друштво. Неговата порака е израз на длабока почит кон музичката група и нивните членови.
Андреј Ѓорѓиески, фронтменот на ДНК, беше една од жртвите на пожарот во Кочани. Владимир Блажев Панчо, Ана Костадиновска и Горан Тонев се членовите на групата кои успеаја да ја преживеат трагедијата.
Целото емотивно видео на Жарко Димитриоски може да се погледнете овде:
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден