Жена останала вдовица. Се собрале селаните да и најдат маж. Пронашле соодветен кандидат исто така вдовец. Само човекот бил касап, прост човек, необразован. Жената, сепак, некако се согласила и се венчале.
Првата вечер ја поставува таа масата, а мажот вели:
– Уште тетка ми велеше дека добриот христијанин никогаш нема да седне на маса додека не преспие со жена си.
Отишле тие во спалната соба, потоа вечерале, а тој повторно:
– Уште дедо ми велеше човек никогаш не смее да заспива без да ја испочитува жена си.
И пак.
Наутро:
– А, чичко ми велеше…
По ручекот:
– Порано баба ми велеше…
Поминала една недела. Селаните ја прашуваат жената што мисли за новиот сопруг.
– Точно, тој не е интелигентен како мојот прв маж, но е од многу добро семејство!