Една девојка опишала како изгледа нејзиното секојдневие во изолирано село на Алјаска.
„Живеам во оддалечено село на Алјаска кое го дели моето презиме. До Порт Алсворт може да се стигне само со мал авион, а најблиската продавница е оддалечена 320 километри“, раскажала Салина Алсворт, па опишала како изгледа еден нејзин ден.
Како што вели, нејзината утринска рутина зависи од годишното доба и од времето. Во зима не гледа многу сонце.
„Налето сонцето излегува многу порано пред да станам, а во зима неколку часа подоцна, ако времето воопшто нѝ дозволи да го видиме. Се будам во 6:45 часот, појадувам обичен појадок, поминувам неколку минути во тишина со мојата мачка и потоа го завршувам утринското чистење пред да одам на работа“, раскажала Салина.
Салина открива дека живее на неколку минути пеш од воздушното такси на нејзиното семејство, каде што помага во текот на зимските месеци, па ѝ треба повеќе време да ги навлече панталоните за снег, јакната, капата и ракавиците отколку што ѝ треба за да стигне на работа.
„Зимските денови ги поминувам координирајќи летови во и надвор од селото. До 8 часот наутро поминувам низ полн хангар за авиони, што го делиме со други, пред да се сместам во диспечерската канцеларија. Работам на биро, ги следам летовите, го координирам товарот и телефонски разговарам со луѓето во малите околни села во кои нашите авиони слетуваат за да ги соберат и одвезат патниците и товарот“, продолжила таа.
Налето возат бродови помеѓу одредени села, а во зима некои луѓе го превезуваат товарот со моторни санки преку замрзнатите езера.
„Но, за да отпатуваме до Енкориџ и назад, да посетиме лекар, да купиме намирници или едноставно да прошетаме низ „Таргет“ (тамошниот шопинг-центар), мора да летаме со авион“, раскажала Салина.
„Нашата флота варира од мали авиони кои можат да слетаат во тундра до релативно поголеми кои примаат до 9 патници. Тие авиони за нас се како јавни автобуси, приватни лимузини, поштенски камиони, колички со намирници, достава на пица, возила за итна помош и уште многу други работи што им се потребни на луѓето кои живеат овде“.
Нејзиниот работен ден завршува во 13 часот, а како што вели, ѝ останува доволно време за долги прошетки и приватни обврски.
Порт Алсворт брои околу 130 жители и сите добро се познаваат меѓу себе.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден