Познатиот актер Сем Нил, најпознат по улогата во легендарниот филм „Паркот Јура“, неодамна ги шокираше своите фанови и пошироката јавност со потресно видео обраќање. Во него, Сем детално говореше за борбата со ракот на крвта, кој драматично го променил неговиот живот.
Во своето длабоко искрено сведоштво, актерот откри дека болеста му ги одзела сите важни улоги кои ги имал – не само професионалните, туку и оние во приватниот живот.
Нил во видеото, кое набрзо го обиколи светот, нагласи дека е свесен за својата состојба, но дека одлучил да не се откажува.
Иако призна дека не може повеќе да снима како порано, сепак се надева дека ќе успее да најде начин да остане активен во животот и професијата што толку многу ја сака.
„Не знам што носи иднината. Сè уште се обидувам да разберам што ми се случи и како да продолжам понатаму. Она што со сигурност го знам е дека повеќе ништо нема да биде исто како порано“, рече актерот со солзи во очите.
View this post on Instagram
Тој додаде дека болеста целосно ја променила неговата перцепција за животот и вредностите, потсетувајќи ги своите фанови дека животот е непредвидлив и дека е важно да се цени секој момент.
Иако поминува низ тежок период, Сем Нил упати порака полна со надеж и сила до сите кои се борат со сериозни болести, охрабрувајќи ги никогаш да не се откажуваат.
Во ова трогателно обраќање, Сем посебно им се заблагодари на своите блиски и на илјадниците фанови низ светот кои му даваат огромна поддршка и сила во овие тешки моменти.