Таму каде што тимот досега славеше заеднички победи, едно место сега е празно. Владее тишина.
Младата фудбалска надеж е една од жртвите на трагедијата во Кочани.
Во соблекувалната на ФК „Шкупи“ во Скопје е тивко. Местото каде што тимот прославуваше, сега е празно.
25-годишниот Андреј Лазаров беше млад фудбалер. Тој беше перспективен играч. Но, уште поважно, беше пријател, брат и синоним за тимски дух. Тој го загуби животот во трагедијата во Кочани.
Со дискотеката „Пулс“ изгоре и животот на едно момче. Неговите соништа штотуку почнуваа да се остваруваат.
„Ни рече дека ќе оди во Кочани. Ние, се разбира, му посакавме убаво да си помине. Спомена дека одамна не ги видел родителите. Рече дека ќе го посети семејството. И ете, се случи тоа што се случи“, изјави неговиот соиграч Кристијан Блажевски.
Наместо тренинг, играчите одржаа минута молчење.
„Лазаров ќе ни недостасува. Но, што можеме да направиме. Таков е животот – денес си тука, утре те нема. Треба да бидеме силни за преостанатите натпревари. Целиот тим треба да игра за Лазаров“, рече капитенот на тимот Хамза Рамани.
Различни вери и религии, но сите се молеа. Сите гледаа кон неговиот дрес. Никој не зборуваше гласно. Но, сите мислеа на истото – на Андреј.
„Со него си замина душата на нашата душа. За нас тој беше посебен играч“, вели Ајкут Туран, генерален директор на ФК „Шкупи“.
Во спортот учиш да победуваш и да губиш. Но, соиграчите велат дека ваква загуба не се учи. Таа се носи во срцето и таму останува засекогаш.
„Договорот ќе продолжи. Тој сѐ уште е наш играч“, вели Туран.
Вечерва македонската репрезентација ќе игра против Лихтенштајн во чест на жртвите. Фудбалерите ќе излезат на терен со црни дресови. Ќе играат и за својот пријател Андреј.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден