во

За време на викендот продор на постудена воздушна маса со значително опаѓање на температурите и локални врнежи

Метео аналитичарот Славчо Попоски најавува продор на постуден воздушен бран за време на претстојниот викенд, што ќе доведе до позначително опаѓање на температурите. Тие ќе бидат под просекот за овој период од годината, а ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд.

Температурите наутро ќе се движат меѓу 2 и 10 степени, додека дневните максимуми ќе достигнуваат од 13 до 20 степени. Во Скопје, очекуваните утрински температури ќе бидат меѓу 7 и 9 степени, а дневните до 18-19 степени.

Продорот на постудената воздушна маса ќе биде проследен со засилен југоисточен ветер, особено во регионот долж Повардарието. Зголемувањето на облачноста ќе започне од четврток, а во петок има услови за послаби локални врнежи. Искористете ги топлите и сончеви денови до среда, бидејќи потоа ќе ви биде потребна потоплата облека.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гости од Европа на Тату Фест во Скопје: Тетовирање во живо и стриптиз точки

Од Нова Градишка започна ултрамаратонот во чест на Тоше Проески