во , ,

Носталгија за сите деца од 80-те и 90-те: Се сеќавате ли на овие работи?

Се сеќавате ли кога бевме деца:

– Од WC викавме “ Мамо, Готов сум ”;

– Ѕвоневме на вратата на комшијата и бегавме;

– Гo истуравме цело tic-tac пакетче во уста и од него пиевме вода;

– Мразевме кога на роденден ќе ни подареа облека наместо играчка;

– Пиевме сок од јаболка или вишна и се преправавме дека пиеме вино;

– Гледавме цртани во 7 и 15 а потоа знаевме дека е време за спиење;

– Најстрашниот човек беше “ Старо Купувам ”;

– Жмуревме кога на ТВ ќе имаше љубовна сцена;

– Им се плазевме на луѓето кој возеа позади нашиот автомобил;

– Пушевме грисини;

– Фаќавме снегулки со јазикот;

– Гњуревме во када;

– Кога казната беше да одиме на спиење порано;

– Се правевме дека сме мртви во креветот кога некој ќе влезеше во собата;

– Правевме шатори од столици и ќебиња;

– Си игравме купувач и продавач;

– Читавме стрипови и се разменувавме со нив;

– Крадевме цреши, јаболка, круши и цвеќиња;

– Војувавме со децата од другото маало;

– Правевме чатали, стрели и пушки на тапи;

– Се радувавме на сите вујковци и чичковци од Америка, Германија;

– Распустот го поминувавме со баба и дедо;

– Наместо креда кршевме цигли за да цртаме на асвалтот;

– Крадевме песок и цемент и градевме бункери;

– Си игравме жмурки, камај, џамија, школка, народна;

– Со брканица се загревавме;

– Кога трчавме на дождот без никаква цел;

– Кога раскажувавме филмови на клупа;

– Кога ги криевме мачињата, поголемите деца да не ги најдат;

– Цел ден игравме фудбал во прашината и кога ќе се вратевме дома, не не препознаваа;

– Се пукавме со црвенки;

– Се враќавме дома само да ни дадат сендвич и пак се враќавме надвор;

– Кога роднините ќе ни дадеа пари за на флипери;

– Кога сите бевме во банди и имавме тајни!

– Детството на денешното дете се сведува на ТВ, компјутер, плејстејшн, мобилен или на некоја слична технолошка справа!

Сподели ако имаше вакво прекрасно детство!!!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова средство помага ли, јас пробав се и сешто и ништо не ми помогна…

Мамо, мамо, што е тоа што му виси на коњчето меѓу нозете?