во , ,

Зборувала дека нема потреба од панично купување залихи поради пандемијата, а во количката носела 10 килограми брашно

Многумина низ светот, па и кај нас започнаа да создаваат залихи на основни прехранбени и хигиенски производи, и покрај препораките на властите и експертите дека нема потреба од тоа.

На социјалните мрежи започна да се шири видео од една жена од Ваљево, Србија, која тврди дека нема потреба да се купуваат големи количини и дека народот е луд додека истовремено во својата количка за пазарење има 10 килограми брашно.

Но, во оригиналниот телевизиски прилог, разговорот со жената бил поопширен, а таа објаснила зошто купила толкава количина на брашно. Тој дел не се гледа во верзијата која се шири на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/B96L0L3oanj/?utm_source=ig_embed

“Не, ова се секојдневни потрепштини на едно четиричлено семејство. Ова воопшто не е поради вонредната состојба”, рекла таа, а потоа објаснила дека секогаш купува по 10 килограми брашно месечно.

Жената додала и дека поради тие што купуваат големи количини, некој нема да може да купи ниту килограм брашно, а камоли 10.

Разговорот со жената можете да го погледнете на 8:12:

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Неверојатно: Талентирана Јапонка на своите деца им прави оброци кои изгледаат како вистински уметнички дела!

Како треба да изгледаат логоата на светските компании во време на корона?