во , ,

Згоден криминалец ги полуде жените: “Ако нема место во притвор, може да дојде кај мене”

Дилер на дрога од Велика Британија им привлече големо внимание не само на полицијата туку и на голем број жени. Стивен Пери (29) бил дел од албанска нарко-банда која одгледувала канабис во Велика Британија.

За време на полициската рација во бројни градови била пронајдена дрога од Б класа во вредност од 580.000 евра, пренесува Мирор.

После неколку месеци истрага, полицијата дошла до адресата на бандата под водство на Егиј Рафа, кој работел со Пери од Дарби.

Пери бил осуден на три години затвор откако признал за злоделото. Полицијата на Дарбшир на Твитер објави соопштение после апсењето на бандата и нивни фотографии помеѓу кои и онаа на Пери.

Корисниците на социјалните мрежи забележале дека Пери наликува на манекен и се пошегувале дека ќе го чекаат додека не излезе од затвор. Објавата на полицијата предизвика големо внимание, а најголем дел од коментарите се однесуваа на неговиот изглед.

“Како можам да добијам дозвола да го посетувам Стивен во затвор?; Стивен не направи ништо, тоа бев јас; Ако нема место во притвор, Стивен може да дојде кај мене”, биле дел од коментарите на жените.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова е “нормална” средба во Сиднеј – девојка налетала на питон во супермаркет: “Ми беше на 20 центиметри од лицето”

Сообраќајна загатка Кој има предност за движење на крстосницата