во ,

ЗЕЛЕНСКИ МУ СЕ ИЗВИНИ НА ТРАМП: Жали поради “спорот” во Белата куќа и повикува на ИТНО ПРИМИРЈЕ!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на примирје на небото и морето и призна дека жали поради начинот на кој помина неговата посета на Белата куќа.

Во денешното обраќање преку платформата Икс, воениот лидер објави дека сака веднаш да се договори примирје во воздухот и на море – “ако Русија го стори истото”.

Реклама

– Никој од нас не сака бесконечна војна. Украина е подготвена што побрзо да седне на преговарачка маса за да се приближи траен мир. Никој не сака мир повеќе од Украинците – напиша Зеленски.

Твитот на Зеленски

– Мојот тим и јас сме подготвени да работиме под силно водство на претседателот Трамп за да дојдеме до траен мир. Подготвени сме брзо да работиме на завршување на војната, а првите чекори би можеле да бидат ослободување на затворениците и примирје на небото – забрана за ракети, далекодометни дронови, бомби на енергетска и друга цивилна инфраструктура – и примирје на морето веднаш, ако Русија го стори истото.

– Потоа сакаме многу брзо да ги поминеме сите следни фази и да работиме со САД за да постигнеме силен конечен договор. Навистина цениме колку Америка ѝ помогна на Украина да го зачува својот суверенитет и независност. Се сеќаваме на моментот кога сè се смени – кога претседателот Трамп ѝ обезбеди на Украина ракети ‘Џavelin’. Благодарни сме на тоа.

– Нашата средба во Вашингтон, во Белата куќа во петокот, не помина онака како што требаше. Жалиме што тоа се случи на таков начин. Време е да ги исправиме работите. Би сакале идната соработка и комуникација да бидат конструктивни.

Што се однесува до договорот за минерали и безбедност, Украина е подготвена да го потпише во секое време и во кој било формат што одговара. Овој договор го гледаме како чекор кон поголема безбедност и силни безбедносни гаранции, и навистина се надевам дека ќе биде ефикасен – заклучи Зеленски.

Изјавата на Зеленски доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ја паузира целата воена помош за Украина, по жестока расправија во Белата куќа, за време на која двајцата светски лидери викаа еден на друг.

Видео од средбата Трамп-Зеленски

Портпаролот на Белата куќа синоќа изјави:

– Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Потребно ни е нашите партнери да бидат посветени на таа цел. Паузираме и ја преиспитуваме нашата помош за да се осигураме дека придонесува кон решение.

Кремљ го поздрави потегот на Трамп, а портпаролот на владата Дмитриј Песков рече:

– Очигледно е дека Соединетите Држави досега беа главен снабдувач на оваа војна. Ако Соединетите Држави престанат да бидат (добавувач на оружје) или ги суспендираат тие испораки, тоа веројатно ќе биде најдобриот придонес за мирот.

Сподели:
Кул Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БРЕМЕНА ЖЕНА ВО СОБРАНИЕТО: Милош Јовановиќ на дело – слика како доказ!

УНИВЕРЗИТЕТИ ПОД УДАР НА ТРАМП: Американскиот претседател се заканува со КАЗНИ за „незаконски протести“ во КАМПУСИТЕ!