во , ,

Зеленски проговори по средбата со Трамп: Драма во Овалната соба – Дали следува извинување или нова поддршка?

Во првото интервју по дебатата со Доналд Трамп и сенаторот Џеј-Ди Венс, Зеленски изрази надеж за поголема поддршка од САД. Средбата во Овалната соба беше напната, откако Трамп се почувствува навреден од изјави на Зеленски.

Реклама

Во интервју за Fox News, водителот Брет Баер го праша Зеленски дали му должи извинување на Трамп. Зеленски не даде директен одговор.

„Не сум сигурен дека сме згрешиле. Благодарни сме на американскиот народ за поддршката, која ни е од голема помош. Благодарен сум на претседателот Трамп и на двопартиската поддршка од Конгресот. Вашата помош беше клучна од почеток, ни помогна да опстанеме. Ние сме стратешки партнери“, рече Зеленски.

На повторено прашање за извинување, Зеленски пак избегна директен одговор.

„Мора да бидеме искрени еден кон друг. Никој не сака крај на војната повеќе од нас. Ние сме тие кои се борат за слобода и за животи“, објасни Зеленски.

Зеленски ја нагласи потребата од појасна поддршка од Трамп во конфликтот со Русија.

„Сакам претседателот Трамп да биде повеќе на наша страна“, рече Зеленски. Тој додаде дека неутралноста не е решение.

Сподели:
Кул Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Револуција во Медицината: 3D Печатење органи – Иднината е сега!

Тешки моменти во Белата куќа: Погледнете го изразот на лицето на украинската амбасадорка за време на кавгата!