во

Земјотрес од 5,3 степени го погодил Куманово пред 119 години

На денешен ден, на 24 октомври 1905 година, Куманово било погодено од силен земјотрес со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер. Земјотресот се случил рано наутро, во 04:37 часот, и бил почувствуван во пошироката околина со интензитет од VII степени според Европската макросеизмичка скала (EMS-98).

Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје, овој земјотрес предизвикал уривање на неколку куќи во селата блиску до епицентарот, додека многу други биле оштетени. И покрај ограничените историски податоци, овој земјотрес останува најсилниот регистриран во кумановското подрачје во последните 120 години.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спасувачка акција на Шар Планина: Моторциклист паднал во провалија и ја скршил ногата

Овие професии се најплатени во Македонија: Програмерите на врвот