Знаеш ли ти кој е Александар Македонски? – Хасо го прашува Мујо.
– Не знам!
– Епа, гледаш Мујо, тој некогаш бил голем војсководец кој владеел со половина од светот!
– А од кога си ти одеднаш така паметен?
– Епа, гледаш Мујо, тоа го научив во вечерната школа. Секоја среда одам на вечерна школа од седум до десет навечер.
– А ти знаеш ли кој е Наполеон?
– Не знам!
– Епа, гледаш Мујо, тоа е голем војсководец на кој му припаѓала половина Европа, а пораз доживеал кај Ватерло. И тоа го научив во вечерната школа.
– А ти знаеш ли, Хасо, кој е Суљо?
– Никогаш не сум слушнал, Мујо!
– Епа, гледаш Хасо, тоа е типот кој е со жена ти Фата секоја среда од седум до десет кога ти си на вечерна школа.