во ,

Знаиш Блажо 50 евра се сепак 50 евра…

85 годишниот Блажо и 80 годишната Мара за нивната годишнина во брак отишле на аеродром и ги набљудувале авионите и хеликоптерите

Блажо имал голема желба да се повози со хеликоптер , но кога прашале колку кошта пилотот им рекол дека за 10 минутен лет ќе ги кошта 50 евра, на тоа Мара додала:

“Знаиш Блажо 50 евра се сепак 50 евра“

Следната година Блажо и Мара повторно за годишнината во брак отишле на аеродром и пак ги набљудувале авионите и кога стигнале до хеликоптерите Блажо повторно прашал колку ќе ги чини еден краток лет, а пилотот им рекол дека за 10 минутен лет кошта 50 евра, на што Мара повторно одговорила :

“Знаиш Блажо 50 евра се сепак 50 евра“

Следната година пак истото , но овој пат еден од пилотите на хеликоптер ги запамтил од минатите години и им се понудил да ги повози бесплатно 10 тина минути со хеликоптер но под услов за време на летот Блажо и Мара да не изустат нити еден збор , а доколу проговорат само еден збор ќе им наплати 50 евра

Пилотот на хеликоптерот правел доста застрашувачки маневри надевајќи се дека Блажо и Мара ќе изустат некој збор , но за чудо за цел нивни лет пилотот не чул нити еден збор од старите …

Кога завршил летот, пилотот зачудено прашал како се воздржале Блажо и Мара да не изустат нити еден збор, на што Блажо одговорил:

“Знаете, уште на првото ваше маневрирање Мара излета од хеликоптерот, но 50 евра се сепак 50 евра “

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Другар, ќе одам у лов на еребици па ако сакаш да ми го позајмиш кучето?

17 Работи што ја прават Холандија е совршена земја за живеење