во ,

Знаиш Перо многу ќе ми недостигаш, но те молам штом отидеш на оној свет, дојди ми на сон…

Перо и Ѓоко ( седумдесет и пет годишни другари ) секојдневно си пиеле кафе во кафичот близу до нив.

Но еден ден Перо не отишол во вообичаеното време за кафе, а Ѓоко загрижен отишол да види што е работата.

Кога дошол кај Перо го видел дека е тешко болен и дека докторот му рекол нема долго да живее…

За да го расположи својот верен пријател, Ѓоко му рекол:

– Знаиш Перо многу ќе ми недостигаш, но те молам штом отидеш на оној свет, дојди ми на сон и кажи ми како е таму…

По два дена Перо починал и ноќта на полноќ Ѓоко слуша како некој го изговара неговото име…

– Ѓоко, Ѓоко разбуди се…

Се разбудил Ѓоко и гледа јака светлина и ангел во темнината, а ангелот кој друг туку неговиот најдобар пријател Перо…

– Перо ти ли си??

– Да Ѓоко, јас сум…

– Како си Перо?

– Одлично, никогаш не сум се чуствувал подобро, рекол Перо…

– Како е во тој свет таму? – рекол Ѓоко

– Таму е многу убаво, рекол Перо.

– А се игра ли фудбал?

– Да, да, таму се игра многу фудбал, заедно сме со сите наши поранешни другари кој се дојдени овде, сите сме млади , жените ни се со нас и тие се млади, се е
многу убаво и интересно…

– ВАУ мило ми е, рекол Ѓоко…

– Но знаиш што Ѓоко, рекол Перо – во сабота ќе имаме утакмица за фудбал…

– Баш ми е мило, рекол Ѓоко…

– И мене и тоа многу бидејќи ти ќе браниш – рекол Перо…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Какви ти се оценките на училиште?

Ех Петре… Петре! Се сеќаваш ли на чоколадите од минатото…