Една жена си се почестила себе си со еден фејслифтинг. Таа била фасцинирана од резултатот.
Од таму отишла во еден бутик. Откако испазарувала ја прашала продавачката:
– Знам дека прашањето е малку необично, но колку години мислите дека имам?
– 35.
– Супер! Вистината е дека имам 45 години – и среќна излегла од продавницата.
Од таму отишла во Седмица, да стегне еден хамбургер. Кога дошла на ред ја прашала дебелата тетка:
– Извинете за прашањето, но колку години мислите дека имам?
Тетката ја погледнала и рекла:
– Мислам дека имате околу 30 години.
– Одлично! Како ќе реагирате ако ви кажам дека имам 45 години – и среќна излегла со сендвичот в раце.
Отишла да чека автобус, а на станицата чекал само еден дедо. Жената го прашала:
– Дедо, извинете за прашањето, но што мислите колку години имам?
– Да ти кажам искрено, дете, јас имам дарба точно да препознаам, но… малку е срамота… мора да ти бркнам во гаќите…
Жената погледнала наоколу, немало никој, а многу ја копкало како е можно некој да погоди, па се согласила. Дедото фаќал околу 5 минути, ја извадил раката и рекол:
– Ти дете, имаш 45 години.
– Невозможно… Како дозна?
– Бев зад тебе во Седмица.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден