Иако вакцината против грипот е најдобрата превентивна мерка, некои луѓе сè уште заболуваат од вирусот. Специјалистот по клиничка фармакологија д-р Јанко Самарџиќ објаснува зошто ефикасноста на вакцината е различна за секој поединец и како може да се зголеми нејзината заштита.
Вакцините против грип постојано се усовршуваат за да бидат што поефективни за актуелните соеви. Сепак, нивната ефикасност може да зависи од фактори како што се возраста, општото здравје, и генетиката. За постарите лица, имунолошкиот систем се слабее со годините, а дефицитот на одредени витамини и минерали уште повеќе го намалува имунолошкиот одговор на вакцината. Кај нив, вакцината може да има само 50% ефикасност, додека кај помладите, здрави лица достигнува од 70 до 90%.
Клучната улога на витамините и минералите во одговорот на вакцината
Витамините D, C, и B-комплексот, како и минералите како железо, цинк, селен, и бакар, го поддржуваат природниот и стекнатиот имунитет. Нови истражувања покажуваат дека дополнителен внес на овие микронутриенти може да го подобри одговорот на организмот кон вакцината преку зголемување на IgG антителата и Т-лимфоцитите, кои се клучни за борбата против вируси.
Може ли ефикасноста на вакцината да се подобри?
Препораките од стручњаците и истражувањата посочуваат дека правилната суплементација со витамини и минерали е важен фактор за подобрување на имунолошкиот одговор на вакцината. Дневна доза на специјално формулирани додатоци, може да биде од помош, особено за постарите лица и хроничните пациенти. Оваа стратегија се покажала како ефикасна не само за подобрување на имунолошкиот одговор туку и за оптимизација на превентивната заштита од вирусни инфекции.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден