во

Игор Џамбазов замина во Канада со емоционална порака: „Чувајте ми ја Македонија“

Популарниот македонски актер и шоумен Игор Џамбазов го започна своето патување преку океанот до Канада, каде што во сабота ќе одржи концерт за македонските иселеници. На своите фанови на Инстаграм им испрати топла порака и фотографија со која го сподели своето возбудливо патешествие и неизбежната носталгија.

„Конечно стигнавме. Преку океанот. Еве сме со нашите домаќини. Со нив како да сме дома,“ напиша Џамбазов, додавајќи дека иако е далеку, Македонија му е секогаш во срцето. Гуру Харе веќе избрал гитара и појачало, додека Џамбазов си набавил ново укулеле за концертот кој ќе се одржи во распродадена сала.

Со шеговит и емотивен тон, Игор порача на македонската публика: „Чувајте ми ја Македонија, барем до понеделник. Во вторник се враќам…“

Џамбазов, кој постојано ги изненадува фановите со својата харизма и авантуристички дух, ја покажа својата љубов кон татковината дури и на далечина, потсетувајќи ги Македонците дека вистинската приврзаност не познава граници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Познатиот Youtuber и љубител на природата, „Јужноафриканскиот Стив Ирвин“, почина на 45 години по смртоносен угриз од зелена мамба