во ,

„Извинете, браќа Македонци“: Реакции од Србија за посетата на Вучиќ на повредените

Посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на повредените од Кочани предизвика реакции. Тој се појави со камери во болницата во Белград. Пациентите се со изгореници. Тие беа испратени во Србија за лекување.

Српската и македонската јавност жестоко реагираа.

Реклама

„Извинете, браќа Македонци. Сега знаете против што се бориме овде. Примете го моето искрено сочувство. Се надевам дека овој немил инцидент нема да предизвика компликации за повредените деца кои се на лекување во Србија“, вели еден Србин.

Ова е една од многуте реакции на социјалните мрежи.

„Ги пративме да ги лечат, а не да правите ПР со нив“, велат дел од Македонците. Тие исто така реагираат на фотографиите од Вучиќ во болницата.

„Никаде каде што има пациенти од Кочани не видовме политичари, освен во Србија. Секаде има само соопштенија или изјави од лекарите. Но, надвор од болниците“, се потенцира во една од реакциите.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чистка во полицијата: Министерот Тошковски смени началници во Штип и Кочани!

Мицкоски за градоначалникот на Кочани: Ако згрешил, ќе одговара, па макар и „Свети ВМРО“ да е!