„Овие жени уживаа во моето друштво и одеа на патувања низ светот на мој трошок“ – вели Шимон Хајут, кој со измами успеал да земе околу 10 милиони долари од наивни жени што на Тиндер ја барале сродната душа. Каде е денес и што прави измамникот од Тиндер?
Најновиот документарен филм на Netflix, The Tinder Swindler ја следи вистинската приказна на три жени: Сесилија Фјелхој, Пернила Сјохолм и Ајлин Шарлот кои биле жртви на измама на Израелецот Шимон Хајут, кој лажно се претставувал како милијардерот Сајмон Левиев на Тиндер.
Во филмот имаме можност да ја проследиме приказната на жените кои самите раскажуваат колку лесно паднале на неговите лаги и измами и дозволиле да бидат жртви, а се поставува и прашањето – каде е Шимон, односно Сајмон денес?
Што знаеме за овој професионален измамник кој со помош на сопствениот тим (телохранител, партнер и други) успеал да изнуди милиони од жените што верувале во вистинската љубов и во приказната за „принцот од бајките“?
Во продолжение погледнете неколку интересни факти за Израелецот чии измами се главна тема во документарниот филм што го освои светот:
За време на неговите измами Шимон Хајут (33) се претставувал под името Сајмон Левиев, а на жртвите им велел дека е син на руско-израелскиот „крал на дијамантите“ Лев Левиев. Тој дури и легално го сменил презимето за неговите документи да бидат што е можно поуверливи.
За своите измами Сајмон/ Шимон имал добро утврдена игра, па така информациите што ги давал можеле лесно да се најдат на интернет. Лев Левиев (неговиот наводен татко) навистина е трговец со дијаманти со израелско потекло и има пет деца, но ниту едно од нив не се вика Сајмон.
Настрана од добро разработената приказна за жртвите на Тиндер, Шимон веќе бил осудуван измамник, кој бил баран со потерница во Израел и во Финска заради претходни измами.
Шимон во 2011-та година во Израел бил осуден за измама и кражба на чекови. Според израелските медиуми, тој од едно семејство украл чековна книшка додека им го чувал детето, а од друго семејство додека работел како мајстор во нивниот дом. Тој побегнал од Израел пред да биде осуден.
Во Финска во 2015-та година бил обвинет за измама на три жени и бил осуден на 2-годишна затворска казна. Во 2017-та се вратил во Израел, каде требало да биде обвинет, но успеал да земе друг идентитет и да побегне од земјата.
Во 2018-та година Сајмон Левиев почнал да разговара со жени на Тиндер. Претставувајќи се како милијардер прво ги носел на луксузни патувања и забави, а потоа со измама успеал да им изнуди огромни суми пари. Се верува дека од поголем број жртви тој успеал да собере 10 милиони долари.
Во 2019-та година по заедничка операција на Интерпол и израелската полиција, Шимон бил уапсен во Грција и бил осуден на 15 месеци затворска казна. Исто така, тој требало да им исплати околу 43.000 долари на своите жртви.
Сепак, жртвите останале во шок кога тој во 2020-та година бил пуштен на слобода, заради намалување на бројот на затвореници во затворите по избувнувањето на светската пандемија. За измамите тешки милиони тој поминал само пет месеци во затвор.
Во изјава за израелските медиуми тој ги отфрли обвинувањата и рече дека жените што го обвиниле, тоа го направиле поради лични причини.
„Можеби не им било убаво да бидат во врска со мене, или не им се допаѓало моето однесување. Но, јас не сум им земал ниту цент.
Овие жени уживаа во моето друштво и одеа на патувања низ светот на мој трошок“ – изјави тој.
Во моментов никој не знае каде се наоѓа Шимон. Неговиот профил на Инстаграм @simon_leviev_officiall е приватен, но активен и во моментов има 200.000 следбеници.
Освен Шимон, во истрагата бил испрашуван и неговиот татко, рабинот Јоханан Хајут, за кого се верува дека соработувал со Шимон во добро разработените измами.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден