Интернационално натпреварување на пожарникари.
1 место – 100.000 долари.
Запалена зграда…
Американските пожарникари стапуваат во акција,
возилата заземаат позиции околу зградата, пожарот изгаснат за 25 минути.
Германските пожарникари, истото сценарио,
возилата околу зградата, пожарот изгаснат за 23 минути.
Македонските пожарникари, пожарникарскиот ФАП влетува право во
приземјето на запалената зграда,
скокнуваат од камионот и удираат со лопати, јакни, фрлаат земја,
галама, вика, лелеци, пожарот изгаснат за 6 минути.
Собраните новинари ги прашуваат македонските пожарникари:
– Неверојатен подвиг, што ќе направите со освоените пари?
Пожарникарите од Македонија:
– Паа, прво ќе купиме кочници за ФАП-от