во ,

Иронија или триумф? Најгрдата риба на светот ја доби титулата „РИБА на годината“!

„Од најгрдо до најомилено“ – Рибата-меур, која важеше за најгрозното суштество на планетата, неодамна доби неочекувана и почесна титула.

Риба-меур

Рибата-меур (Psychrolutes marcidus) претходно беше прогласена за најгрдо животно на светот. Сега е избрана за „риба на годината“. Натпреварот го организираше еколошка група од Нов Зеланд.

Овој вид ја доби титулата за најгрдо животно поради својот желатинозен и груткаст изглед. Оваа недела, на годишниот натпревар на Фондот за зачувување на планините и морињата, беше прогласена за риба на годината, пренесува BBC.

Целта на натпреварот е да се подигне свеста за зачувување на животот во водите на Нов Зеланд.

Рибата-меур стана позната во 2013 година. Таа беше маскота на Друштвото за зачувување на грдите животни.

Овој вид живее на морското дно. Достигнува должина до 30 центиметри. Најчесто се наоѓа во близина на бреговите на Австралија и Тасманија. Живее на длабочини од 600 до 1.200 метри.

Наместо скелет и крлушки, рибата-меур има меко тело и опуштена кожа.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жестоки напади во Одеса: Русија со масовен напад врз украинското пристаниште

Кога се среќаваат срцето и ритамот, а останува само тишина: Наум за загубата на Андреј