во

Истражување открива: Првата причина за бакнување нема врска со љубовта

Иако денес го сметаме бакнувањето за романтичен и интимен гест, ново истражување открива дека почетокот на оваа пракса можеби има сосема поинаква основа. Според професорот Адриану Рејш е Ламејра од Универзитетот „Ворик“ во Англија, бакнувањето кај луѓето всушност започнало како еволутивен инстинкт за одржување на хигиената, а не како израз на љубов.

Во интервју за „Daily Mail,“ професорот Ламејра објаснува дека луѓето првично користеле бакнување за да си помагаат едни на други во отстранувањето на вошки и други паразити. „Доказите покажуваат дека бакнувањето не било одраз на наклонетост, туку средство за хигиенско чистење,“ вели тој. Со текот на времето и еволуцијата, ваквиот начин на чистење станал непотребен, но бакнувањето останало како гест, кој подоцна добил и романтично значење.

Ламејра проценува дека овој хигиенски обичај се појавил пред 2 до 4 милиони години. Најраните пишани докази за бакнување се пронајдени во текстови од Месопотамија, датирајќи околу 2.500 години пред нашата ера.

Денес, бакнувањето има силна емоционална и сексуална конотација, но корените на оваа практика покажуваат колку еволуцијата влијае врз секојдневните човечки навики. Сепак, Ламејра истакнува дека на науката ѝ претстојат уште истражувања за да разбере како бакнувањето преминало од практична функција во интимен гест.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Бесрамници низаедни“ – моќен статус на позната скопска професорка кој нè поттикнува на размислување

Мал трик за пешачење може значително да го забрза слабеењето