во , ,

Како изгледа животот во најстуденото населено место на Земјата? Рекордно измерена ниска температура е -71.2 степени целзиусови

Во текот на зимата во Ојмјакон денот трае само три часа, а температурите се спуштаат и до -50 целзиусови степени…

Многумина тврдат дека Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата. Станува збор за село кое што е сместено во источниот дел на Сибир.

Најниската температура која што била измерена таму во 1933-та година изнесувала – 71.2 степени целзиусови. Тоа е бројката која што ќе ја видите напишана на многубројните сувенири доколку некогаш го посетите местото.

Иако, таа повеќе никогаш не била измерена, зимите таму се многу студени.

Ојмјакон било место на кое што сточарите запирале за да ја напијат својата стока од термалните извори кои што никогаш не замрзнуваат, но денеска ова место е дом на околу 500 жители.

Таму животот во текот на зимските месеци не е лесен, но жителите се прилагодиле на екстремните услови.

Земјата е трајно замрзната во текот на целата година и речиси ништо не успева, па жителите воглавно се хранат со риба, коњско месо и млечни производи.

Исто така тие собираат и шумски боровинки кои што ги мешаат со замрзнато млеко за да го добијат нивниот специјалитет кој што наликува на сладолед – „kyorchekh“.

Таму нема да ви биде доволно само еден пар ракавици и капут, жителите се облекуваат во повеќеслојна облека, а излегуваат од своите домови само кога мораат.

Чистиот воздух и домашната храна исто така допринесуваат во здравјето на тамошните жители кои што во просек живеат долго. На ниските температури се навикнале и кучињата, а сибирските хаски можат да спијат на отворено на температура и до -50 степени целзиусови.

Jan 10, 2013 – Yakutia, Russia – ALEXANDER PLATONOV, 52, a retired teacher, dressed for a quick dash to the toilet. Most toilets in the town are long drops out on the street due to the difficulty of digging plumbing through the permanently frozen soil. Oymyakon lies a two day drive from the city of Yakutsk, the regional capital. A journey to Oymyakon, considered by many to be the coldest permanently inhabited settlement in the world. The village was originally a stopover for reindeer herders who would water their flocks from a thermal spring at the location. Known as the ‘Pole of Cold’ the town of 500 once recorded a temperature of -71.2c. Average temperatures in January are -50c. (Credit Image: Š Amos Chapple/ZUMAPRESS.com)

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриле тајна просторија во својот подрум, не им се верувало што има внатре: „Рудник на злато…“

Вчера бевме во еден нов елитен ресторан, се беше врвно. Од храната, до виното, а за услугата немам коментар. Ти препорачувам да одите…