Македонскиот бенд Некст Тајм и раперот Слаткаристика ја претставија својата нова песна „Океани“, која за кусо време ги освои срцата на публиката, особено на Македонците кои живеат надвор од татковината. Ова музичко парче, по долг период на сцена, донесе освежување со својот уникатен звук и емотивна порака.
„По десет години, конечно се враќаме со нова авторска песна. Заедно со Слаткар создадовме композиција која спојува различни стилови и која се надеваме дека ќе допре до секој слушател,“ споделуваат Стефан и Мартин од Некст Тајм.
Текстот на „Океани“ е дело на Стефан Филиповски и Лазар Цветковски, додека музиката е создадена од Лазар и Слаткаристика. Видеото, кое уште повеќе ја засили емоцијата на песната, го режираше Мартин Филиповски, а за неговата реализација се погрижи Кристијан Теодоров.
Коментарите на социјалните мрежи сведочат за силниот впечаток што го остави „Океани“ кај слушателите: „Како нѐ рокнавте во срце нас иселениците,“ „Тешко на печалбарите со оваа песна,“ „Ова не е само песна, ова е вистинско ремек-дело.“ Многумина велат дека песната е нова химна за сите Македонци далеку од својата татковина.
Со својата силна емотивна порака и за кусо време стекнатата популарност, „Океани“ ги руши рекордите на сите платформи. Слушнете ја и споделете ја оваа песна која веќе се нарекува химна на сите кои сонуваат за татковината.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден