Канада покажа голема почит кон жртвите од страшната несреќа во Кочани. Во знак на солидарност, водопадите на Нијагара беа осветлени во црвена и жолта боја, боите на македонското знаме. Ова осветлување траеше 15 минути.
Вчеравечер, овој прекрасен гест беше реализиран во чест на 59-те лица кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најпознатите водопади во светот, лоцирани во Онтарио, Канада, засветија во боите на македонското знаме.
Niagara Falls sveti crveno-zholto vo momentov 😢 pic.twitter.com/xKOOqHratI
— no context ivana's life🐈 (@Cassi0peia__) March 24, 2025
Веста за овој настан беше објавена на Фејсбук страницата „Обединета македонска дијаспора“. Тие најавија дека Нијагарините водопади ќе бидат осветлени во црвено и жолта боја во чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.
Во нивната најава стоеше дека се надеваат дека многу луѓе ќе се придружат и ќе покажат солидарност со македонската заедница. Тие ги повикаа сите да се сетат и да им оддадат почит на загинатите, како и да се молат за брзо закрепнување на повредените и сите погодени од оваа трагедија.
Ова не е првпат Нијагарините водопади да светат во боите на македонското знаме. Тие беа осветлени и во 2021 година, кога се одбележуваа 30 години од независноста на нашата држава, пишува Toronto Star.