Островот Ваду покрај нереалната убавина на природата познат е по својот природен феномен кој што привлекува огромен број туристи во текот на годината.
Кога ќе помислите на Малдивите, веруваме дека во главите ви „се вртат“ бескрајните песочни плажи и тиркизното море, а тоа навистина е рајот на Земјата.
Сместен меѓу останатите острови се наоѓа и островот Ваду чии што плажи стануваат речиси магични во оној момент кога ќе зајде сонцето.
https://www.instagram.com/p/BXp1bR3hss2/?utm_source=ig_embed
Имено, „ѕвезденото море“, како што уште го нарекуваат луѓето, всушност е природен феномен кој што настанува кога милиони микроорганизми доаѓаат во контакт со кислород.
Овие фитопланктони се нарекуваат динофлагелатес (на латински) и всушност се заслужни за необичната сина сјајност во водата која што многумина ја споредуваат со рајска убавина – со причина.
Доколку стапнете со стапалата во водата тогаш оставате светли стапки по плажата.
Сепак, иако тие ја испуштаат оваа светлина не значи дека се безопасни. Некои видови произведуваат токсини кои што се опасни по луѓето, рибите и останатите суштества, а се верува дека нивната светлина всушност е одбрана од другите предатори.
Интересно е тоа што и доколку рибите ги проголтаат тие продолжуваат да светат и во нивниот стомак. Овие микроорганизми може да се најдат и во водите во некои делови на Калифорнија и Пуерто Рико.
Островот Ваду има околу 500 жители кои што се занимаваат со туризам и риболов.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден