Јелена Карлеуша ја започна својата голема турнеја со прес-конференција во Скопје, каде истакна дека Македонија за неа има посебно значење. „Мојата турнеја започнува овде, затоа што Македонија ми носи среќа, а и ја сакам оваа земја,“ изјави таа, нагласувајќи дека не е тука за да заработи, туку да покаже што знае после три децении на сцената.
Познатата поп-ѕвезда пристигна во главниот град за концертот кој ќе се одржи на 19-ти октомври во арената „Јане Сандански“. На пресот блескаше во целосно црно издание – сако со длабоко деколте, модни додатоци како златен часовник и елегантна бразлетна од брендот Alhambra, а црните очила за сонце и дадоа завршен шик изглед.
„Скопје не е случајно одбрано,“ продолжи Карлеуша на прес-конференцијата. „Ова е место каде чувствувам љубов и поддршка од народот кој ја почитува и разбира музиката. Концертот овде е многу важен за мене и ќе биде уникатен. Сакам Балканот да види нешто ново – спектакл кој досега не е виден на овие простори,“ додаде таа.
Карлеуша јасно стави до знаење дека нејзиниот мотив не е паричен: „Јас не дојдов овде да се обогатам, јас веќе сум богата жена. Оваа турнеја не е за заработка, туку за да покажам што можам и колку сум созреала во овие 30 години кариера.“
Погледнете ги фотките од нејзиниот стајлинг на пресот, којшто како и секогаш привлече големо внимание.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден