Денес, на 16 октомври, се навршуваат години од трагичната смрт на Тоше Проески.
Овој пејач со божествен глас, кој беше сакан и ценет низ целиот Балкан, го загуби животот во сообраќајна несреќа. Меѓу оние што се присетија на него денес е и поп дивата Јелена Карлеуша, која на својот Инстаграм профил сподели заедничка фотографија со Тоше, придружена со неговата емотивна песна „Соба за тага“.
Карлеуша, која неодамна беше во Северна Македонија по повод настап, во едно интервју за подкаст се потсети на нивното пријателство и времето поминато заедно.
– Скоро една година бевме во Грција, двајцата снимавме албуми. Тој имаше стан во Глифада, исто како и јас. Секој ден го земав со автомобил и заедно патувавме до студиото на Фивос во центарот на Атина. Јас имав само 21 година, а тој мислам дека беше 18. Возев „Опел Корса“, а тој пееше постојано – во автомобилот, во студиото, дури и на враќање – раскажала Јелена во подкастот на Лазаров.
Јелена сподели и колку била потресена кога дознала за смртта на Тоше.
– Никогаш толку многу не сум плачела. Се чувствував како да загубив роден брат. Тој имаше една многу чудна, вонземска енергија. Беше неверојатен човек, со многу добрина и смиреност… Кога ќе го видиш таков, а потоа го слушнеш неговиот глас, едноставно знаеш дека е посебен – додала таа.
Карлеуша веста за смртта на Тоше ја дознала од блиската пријателка Марина Туцаковиќ, која внимателно ѝ ја соопштила веста знаејќи колку ќе ја погоди.
– Не отидов на погребот, немав сила за тоа. Немаше да можам да ги поднесам оние лажни изливи на емоции од луѓе кои едвај го познаваа. Истите оние кои драматично се фрлаа врз ковчегот за да стекнат внимание. Јас и луѓето кои го сакаа најмногу не можевме да присуствуваме. Инаку, Тоше е роден на ист ден како и мојата мајка Дивна, на 25 јануари. Нешто што ретко го споменувам… – открила Јелена за медиумите.
Тоше Проески, роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, остави неизбришлив белег во музиката и во срцата на своите фанови. Неговиот уникатен вокал и емоционални изведби освоија публика ширум Балканот, а неговите песни како „Чувам те“, „Пратам те“, „Ледена“ и „Још и данас замирише трешња“ станаа химни на генерации. За жал, неговата блескава кариера беше прекината на 16 октомври 2007 година во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден