во

Каталонија под закана од поплави: Црвено предупредување за Барселона по невидено невреме

По разорните поплави во Валенсија, Каталонија е следната под закана од екстремни временски услови. Властите повикуваат на максимална претпазливост откако регионалната метеоролошка служба “AEMET” издаде црвено предупредување за Барселона поради обилните дождови кои носат „екстремна опасност“. Во градот утрово наврнаа 81 литар дожд на метар квадратен, поради што 15 авиони беа пренасочени од аеродромот Ел Прат, каде се воспоставува кризен штаб за справување со последиците.

Временските услови ја принудија и суспензијата на приградските возови во Каталонија, а на граѓаните им е препорачано да избегнуваат патувања освен во итни случаи. Во областа Баик Љобрегат, дождовите достигнаа до 180 литри на метар квадратен.

Невремето во источна Шпанија однесе над 200 животи и предизвика масовни поплави, оставајќи делови од регионот Валенсија во состојба на вонредна потрага по исчезнатите. Спасувачки екипи, поддржани од илјадници војници, неуморно работат на теренот, надевајќи се на нови информации за исчезнатите во оваа природна катастрофа.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ќе беше ли Југославија светски шампион во 1994 ако не се распаднеше?

Топ 10 најгледани видеа на Јутјуб во историјата