во

Каќа Грујиќ потресена од поплавите во БиХ, го откажа настапот: „Искрено сочувство до сите семејства…“

Босна и Херцеговина во моментов се соочува со страшни поплави кои однесоа многу животи.

Ситуацијата таму се менува од минута во минута, а бројот на загинати постојано расте.

Целиот регион е потресен од оваа природна катастрофа, а многу познати личности се огласија и повикаа на помош за настраданите семејства и сите погодени од поплавите преку хуманитарни акции.

Една од нив е популарната пејачка Катарина Грујиќ, која поради оваа трагедија го откажа својот настап во Јабланица. Таа се огласи на социјалните мрежи по овој повод.

„Драги мои, поради природната и незапамтена катастрофа која ја погоди Јабланица, а пред сè поради големиот број на повредени, загинати и исчезнати луѓе во тој дел, сакам да ве известам дека нема да се дружиме утре. Ќе се видиме некој друг пат,“ напиша Каќа, и додаде:

„Изразувам најдлабоко сочувство до сите семејства што ги изгубија своите најблиски. Ве сака вашата Катарина Грујиќ,“ стои во нејзиниот пост на Инстаграм.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Познат актер понуди сместување за настраданите од поплавите во БиХ

Мостарец со големо срце понуди стан на семејство од Јабланица: “Сега бидете луѓе и помагајте”