во ,

Кејт Мидлтон блесна во црвено: Носеше шешир стар 11 години и накит од кралицата и Дијана!

ВАКА СЕ ОДНЕСУВА ВИЛИЈАМ СО КЕЈТ и сите имаат ИСТ ВПЕЧАТОК! СО БОЈАТА НА КОСАТА И ФРИЗУРАТА ги воодушеви, носи ШЕШИР стар 11 години и накит во чест на кралицата и ДИЈАНА…

Модното издание во кое Кејт Мидлтон се претстави денес на прославата на Денот на Комонвелтот во Лондон, откако по две години се врати на оваа церемонија, ги воодушеви едни, а други ги разочара со „монотоноста“, иако принцезата од Велс се појави во весела, црвена боја. Се коментира и како принцот Вилијам се однесуваше кон својата сопруга, а познати се и деталите за нејзиниот стајлинг, иако Палатата ретко споделува детали за тоа.

Реклама

Кејт Мидлтон за денес избра монохроматско издание во знакот на црвената боја. Облече капут од Кетрин Вокер, обу Gianvito салонки, носеше Miu Miu чанта. Сè заокружи со шешир кој го носеше пред 11 години. На сликата ја гледате со синот, принцот Џорџ, кој тогаш имаше нецела година.

На многумина им се допаѓа стилот на Кејт Мидлтон. Таа е непогрешлива на полето на елеганцијата и протоколот што го следи од 2011 година и венчавката со принцот Вилијам. Сепак, некои ѝ забележуваат што често носи црвена боја. Велат дека нејзиниот стил станал досаден. Дури и предлагаат почесто да носи црна облека, која исто така е многу елегантна. Сепак, Кејт точно знае да избере соодветен стајлинг.

Внимание привлече и бојата на нејзината коса и фризурата со прекрасни виткани прамени. Кејт и порано се појавуваше со посветла боја на косата, но нијансирањето овој пат е најзабележливо.

Принцезата од Велс имаше извесни проблеми со облеката додека излегуваше од службеното возило. Изгледаше на моменти многу уморно и нерасположено. Но, забележана беше и нејзината широка насмевка. Исто така, беше забележана и трогателна сцена како со Вилијам разменува нежни погледи, што инаку е нивна пракса на вакви настани.

„Пресладок пар се“, „Најубав тандем“, „Ги обожавам“, гласат коментарите за овој излив на нежност.

Кејт денес пред Вестминстерската опатија ја пречекаа дечиња со кои срдечно разговараше.

Децата на познатиот пар, Шарлот, Џорџ и Луи, не беа на овогодишната церемонија. Исто беше и минатата година кога и Кејт отсуствуваше поради борбата со ракот.

Принцезата од Велс се врати на прославата на Денот на Комонвелтот по две години. Истото важи и за Чарлс III кој се појави со сопругата Камила. На монархот, како и на принцезата, му беше дијагностициран рак во 2024 година. Процесот на лекување е во тек. Кејт Мидлтон е во фаза на ремисија.

Принцезата од Велс денес носеше огрлица која некогаш ѝ припаѓала на Елизабета II и обетки од колекцијата на принцезата Дијана.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скриена опасност кај Ф-35: Дали Америка има копче за далечинско исклучување на авионите на сојузниците?

Германските автомобили пред удар на Трамп: Како ќе реагира индустрискиот гигант?