во

Кина во транс поради Ѓоковиќ: Неверојатен пречек за Новак на првиот тренинг!

Српскиот тенисер дефинитивно е многу популарен во најнаселената земја во светот.

По месец и половина Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот и тоа на Мастерсот во Шангај.

Српскиот тенисер пристигна во најголемиот град во Кина, а таму дефинитивно е многу популарен, што можеше да се види кога пристигна на првиот тренинг.

Неколку илјади луѓе го окупираа теренот каде што се појави Новак, а беа во вистински транс кога се појави Ѓоковиќ.

Секако, српскиот тенисер како голем професионалец се обиде да ги поздрави сите и им се заблагодари што дојдоа во толку голем број да му дадат поддршка.

Инаку, кога доаѓаше на тренинг, Холгер Руне го завршуваше својот, двајцата братски се поздравија и си посакаа многу успех на Мастерсот во Шангај.

Што се однесува до некои од плановите на Ѓоковиќ до крајот на сезоната, тешко е да се предвиди на кои турнири ќе учествува, како што истакна и самиот.

Засега е извесно дека ќе биде на „турнирот на кралевите“ во Саудиска Арабија, кој ќе биде од егзибициски карактер и на кој ќе присуствуваат најдобрите играчи на денешницата плус Рафа Надал.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПАНИКА ВО ГЕРМАНИЈА: Воз итно евакуиран поради двајца патници заразени со смртоносен вирус за кој нема лек

Бред Пит во новиот филм „Wolfs“ пцуе на српски јазик, видеото стана хит на Балканот