во ,

КИНЕЗИТЕ ЗА 2 МИНУТИ И 42 СЕКУНДИ ГО ОБРУКАА ТРАМП: Објавија снимка на која му се потсмеваат на неговите царини, тој бесно одговори: „Држете се, нема да биде лесно“

Во средата, Трамп воведе дополнителни царини од 34 отсто на сите кинески стоки што се увезуваат во САД. Очекувано, Пекинг се огласи и откри дека воведува царини за САД во висина од 34 отсто, што е реципрочно на царините што Трамп им ги воведе.

Од средата и воведувањето на царините, медиумите се преплавени со овие информации, а Кинезите одлучија сè да свртат на шега.

Купи Маица

Кинеските државни медиуми масовно објавуваат видео-снимки креирани од вештачка интелигенција на интернет, прикажувајќи роботи кои танцуваат и исплашени потрошувачи. На овој начин му се потсмеваат на Трамп за воведувањето царини, поради кои инфлацијата за Американците би можела да порасне уште повеќе.

– Ден на ослободување, ни вети ѕвезди. Но ги уби нашите евтини кинески автомобили со тарифи – пее женски роботски глас во видео-снимката објавена на веб-страницата на кинеската државна телевизија CGTN на англиски јазик.

Тука е и жена која седи на маса и гледа во празна вилушка. Видеото, кое трае речиси три минути, го следи предупредување: „Песната е создадена од вештачка интелигенција. Должничка криза? 100 отсто човечка креација.“.

Трамп: Држете се, нема да биде лесно

Доналд Трамп на социјалната мрежа „Truth“ изјави дека Кина е многу потешко погодена од САД и дека Америка повеќе не е „вреќа за удирање“.

– Кина е погодена многу потешко отколку САД, дури ни блиску. Тие, и многу други народи, неодржливо лошо се однесуваа кон нас. Бевме глупава и беспомошна „вреќа за удирање“, но повеќе не. Враќаме работни места како никогаш досега. Веќе повеќе од ПЕТ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ИНВЕСТИЦИИ, и брзо растеме! ОВА Е ЕКОНОМСКА РЕВОЛУЦИЈА, И ЌЕ ПОБЕДИМЕ. ДРЖЕТЕ СЕ, нема да биде лесно, но крајниот резултат ќе биде историски. Ние ќе ја НАПРАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА!!! – напиша Трамп.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДВЕ ГОДИНИ ЗА УБИСТВО НА ПЕШАЧКИ: Сестрата на Теодора со болна реакција на пресудата!

СНИМАШЕ ВИДЕО ВО БАЗЕН НА ТАЈЛАНД, па почна да БЕГА, снимката шокираше милиони